Connect with us

Кошарка

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром триумфираше над Подгорица

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа четвртата победа во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва пред своите гледачи ја совладаа Подгорица со 67-54 и се искачија на шестото место на табелата.

Актуелниот македонски шампион од самиот почеток најави победнички амбиции и по двете воведни четвртини имаше предност на полувремето од 34-20.

Во воведниот дел од третата четвртина, Подгорица ја намали негативата на минус десет поени (26-36), но МЗТ Скопје Аеродром повторно влезе во ритам и во 29. минута дојде и до највисоки +22 (54-32).

Танасковиќ со 14. и Војдан Стојановски со 13 поени беа најефикасни во редовите на македонскиот шампион.

Во следното, осмо, коло, МЗТ Скопје Аеродром ќе му гостува на Широки Брег, на 3 март.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4