Connect with us

Ракомет

Стојановски останува во Вардар уште две сезони

Ракометниот клуб Вардар продолжува со јасната стратегија за стабилност и континуитет, откако е постигнат договор за продолжување на соработката со левото крило Марио Стојановски. Тој ќе остане во дресот на „црвено-црните“ и во следните две сезони.

Стојановски е играч израснат во вардаровата школа и важи за еден од ракометарите кои постепено и сигурно го градеа својот пат до сениорскиот тим. Во изминатиот период тој се наметна како опција на позицијата лево крило на кого може да му се верува. Неговиот напредок беше препознаен и од стручниот штаб, кој му доделуваше сè поголема минутажа.

Паралелно со клупските обврски, тој има и репрезентативно искуство со младите селекции на Македонија, што дополнително ја потврдува неговата перспектива.

Клубот и во наредниот период ќе смета на неговата енергија, посветеност и желба за напредок, со јасна цел за заеднички успеси во иднина. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4