Connect with us

Кошарка

Харден го надмина О’Нил и се искачи на деветтото место на листата на најдобри стрелци во НБА

Бекот на Лос Анџелес Клиперс, Џејмс Харден, се искачи на деветтото место на листата на најдобри стрелци во НБА.

Рано утрово 36-годишниот Американец постигна 32 поени во победата од 117:109 над Шарлот на домашен терен.

Харден сега има 28.614 поени во својата НБА кариера, надминувајќи ја легендата на НБА, Шекил О’Нил кој кариерата ја заврши со 28.596 поени.

Џејмс Харден беше продаден на Клиперс во летото 2023 година. Претходно играше за Оклахома Сити, Хјустон, Бруклин и Филаделфија.

Водечки тројца на вечната листа поентери во најсилната кошаркарска лига не светот се Леброн Џејмс (42,623 поен), Карим Абдул Џабар (38,387) и Карл Мелоун (36,928).

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2