Кошарка
Тајрик Џонс по дебито за Олимпијакос: Сега сум на подобро место
По трансферот од Партизан во Олимпијакос, Американецот Тајрик Џонс се истакна во своето деби во грчката лига против Кардицас.
По натпреварот, кошаркарот ги сподели своите впечатоци од оваа нова фаза од својата кариера.
– Среќен сум што повторно играм кошарка. Тука сум само неколку дена, но веќе се чувствувам среќен. Ситуацијата со мојот трансфер беше комплицирана. Сè што пишуваа медиумите беше повеќе или помалку вистина. Тоа е минато, а сега сум на подобро место. Среќен сум што двете страни најдоа решение. Тука сум за да победувам и да му помогнам на тимот. Нашата цел е титулата во Евролигата, рече американскиот центар.
Во своето деби за Олимпијакос за 20 минути поминати на теренот, Тајрик Џонс постигна 14 поени и собра шест скока, демонстрирајќи 100% процент на шут од поле.
јануари 12, 2026


