Општини
Мицкоски: Инвестиција во износ од 19.456.070 денари – Енергетска ефикасност во средните училишта во Кичево
Проектот „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во Општина Кичево има за цел унапредување на енергетската ефикасност и создавање поквалитетни услови за настава во образовните институции, напиша премиерот Христијан Мицковски на својот фејсбук профил.
Со проектот се предвидува модернизација на системите за греење, со што ќе се постигне значително намалување на потрошувачката на енергија и трошоците за одржување.
Инвестицијата во износ од 19.456.070 денари придонесува кон подобрување на еколошките стандарди, намалување на емисиите на штетни гасови и создавање поздрава и поодржлива средина за учениците и наставниот кадар. Проектот претставува важен чекор кон одржлив развој и унапредување на образовната инфраструктура во Општина Кичево.
јануари 10, 2026


