Кошарка
Индијана ја прекина серијата порази на теренот на Шарлот
Кошаркарите на Индијана конечно ставија крај на „црната серија“ и по 13 порази од Шарлот на нивни терен. Тие во ноќешниот дуел против Шарлот победија со 114:112. Ова воедно беше и 1.000-та победа на Рик Карлајл во кариерата.
Кај победничката екипа најефикасен беше Паскал Сијакам со 30 поени, додека на дуелот најпрецизен беше Ламело Бол со 33 поени. Тој воедно е незадоволен во Шарлот и за првпат по 30.јануари 2021 година не беше меѓу стартерите.
Еден од натпреварите од ноќешната програма не се одигра. Тоа беше дуелот меѓу Чикаго и Мајами. Кошаркарите за време на загревањето забележаа дека подот е мокар на неколку места и по кусото пролонгирање натпреварот беше одложен со цел да не дојде до некоја повреда. Термин за одигрување дополнително ќе биде одреден.
Резултати на ноќешните натпревари: Шарлот – Индијана 112:114, Минесота – Кливленд 131:122 и Јута – Далас 116:114.
јануари 9, 2026


