Connect with us

Кошарка

Ленард продолжува со одличните настапи

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс беа единствените кои како домаќини се радуваа на победа на петте ноќешни дуели во НБА лигата. Предводник до триумфот беше Каваи Ленард, кој дуелот го заврши со 45 поени и ја продолжи низата откако претходно постигна 41 против Хјустон, 28 против Портланд, 55 против Детроит и 33 против Сакраменто.

Одлична помош имаше и во соиграчите Џејмс Харден 20 поени и Николас батум 14, па така екипата на ЛА Клиперс ја постигна шестата победа во низа. За Јута ова беше шести пораз на последните осум натпревари.

На другите дуели победија гостинските екипи: Бруклин – Хјустон 96:120, Детроит – Мајами 112:118, Далас – Филаделфија 108:123 и Сакраменто – Бостон 106:120. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 2