Connect with us

Фудбал

За 13 минути сменети трите голмани на иста репрезентација на еден натпревар

Чудесни ситуации се случуваат на фудбалските натпревари, но вистинско чудо е тоа што се случи на дуелот меѓу Уганда и Нирегија на АФКОН.

Репрезентацијата на Уганда се најде во непријатна ситуација и тројцата голмани на оваа селекција беа актери на дуелот со Нигерија.

Во 46.минута поради повреда мораше да биде заменет првиот голман Денис Оњанго. Неговата замена Магула 11 минути потоа доби црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот и селекторот на Уганда мораше во игра да го уфрли третиот голман Нафијан Алионзија.

Ваквиот расплет на околности го искористи Нигерија со два брзи гола и се стекна со предност, која и донесе победа од 3:1, додека за Уганда поразот значеше елиминација и остана без пласман во нок-аут фазата. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2