Connect with us

Свет

На Исланд рекордно висока температура за католичкиот Бадник – речиси 20 степени

Рекордно висока температура во Исланд беше забележана минатата седмица – на католичкиот Бадник, и таа изнесуваше речиси 20 Целзиусови степени. Инаку, просечната температура во декември на оваа островска држава е меѓу -1 и +4 степени.

Малото гратче на истокот – Сејдисфјордур забележа 19,8 степени на 24 декември, додека на други места низ земјата исто така беа забележани температури од речиси 20 степени, објави денес Исландската метеоролошка служба. Претходниот рекорд од 19,7°C е забележан на 2 декември 2019 – на југоистокот на земјата. Метеорологот Биргир Орн Хоскулдсон објасни дека за овој температурен рекорд е одговорна топла воздушна маса од тропско потекло и силен антициклон што го насочил топлиот и влажен воздух кон југ, спречувајќи го продирањето на постуден воздух.

Исланд, според „Гардијан“, доживува сè потопла клима поради глобалното затоплување предизвикано од согорувањето фосилни горива и испуштањата на стакленички гасови.

Истражувањата покажуваат дека Арктикот се затоплува четирипати побрзо од остатокот од светот, па затоа Исланд годинава забележа рекордна топлина. Поради глобалното затоплување, и комарци беа забележани во оваа држава – првпат оваа година. Додека глечерите се топат, и риби од потоплите подрачја – како што е скушата, се појавуваат во водите околу островот. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5