Connect with us

Фудбал

Столе Димитриевски и Валенсија имаат нов тренер

Шпанската екипа Валенсија, за која брани македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски има нов тренер. На клупата на во продолжение на сезоната ќе седи искусниот мексикански тренер Хавиер Агире. Валенсија се наоѓа на 19.место на табелата со една победа и едно реми и пет порази по седум одиграни кола.

Прва и основна задача на Агире е да ја стабилизира екипата. Тој ќе биде во Валенсија во четврток, а со делот од екипата ќе стартува со тренизни во петок со играчите кои немаат репрезентативни обврски. Така репрезентативната пауза ќе биде добредојдена за тимот.

Официјалното претставување ќе биде на 28.септември (понеделник), а договорот ќе трае до 30.јуни следната година, со можност за продолжување на уште една сезона, доколку клубот избори пласман во европските купови.

Агире како тренер има работено во шпанските екипи Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспањол, Леганес и Мајорка, а Валенсија ќе му биде седма екипа.

Неговиот последен ангажман беше во репрезентацијата на Мексико за Светското првенство.