Connect with us

Фудбал

Артета: Арсенал знае што сака во 2026 година и ќе мора да работи напорно за тоа

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги сумираше впечатоците за постигнатото во 2025 година.

„Топчиите“ синоќа ја победија Астон вила со 4:1 во 19. коло од Премиер лигата. 

– Годинава беше одлична и лично и професионално. Начинот на кој овие играчи, Арсенал и персоналот ме тераат да уживам во мојата работа секој ден е фантастичен. Знаеме што сакаме во 2026 година. Ќе мора да работиме навистина напорно за тоа секој ден, но мислам дека сме на вистинскиот пат, изјави Артета за „Би-би-си“.

Арсенал има 45 бода и е на врвот на табелата во Премиер лигата, пет пред Манчестер сити со 40 бода и натпревар помалку.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4