Connect with us

Кошарка

Никола Јокиќ се повреди

Најдобриот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, го повреди левото колено на три секунди пред полувремето ноќеска на гостувањето кај Мајами хит.

Србинот со куцање го напушти теренот и не се врати во второто полувреме. Првичните прогнози во американските медиуми се дека станува збор за сериозна повреда.

Лидерот на Денвер денес ќе оди на магнетна резонанца.

-Тој веднаш знаеше дека нешто не е во ред. Тоа е дел од НБА. Секоја ваква повреда е стресна, особено за играч како него. Ќе дознаеме повеќе утре, рече тренерот Дејвид Аделман, по натпреварот.

Јокиќ се повреди при контакт со неговиот соиграч Спенсер Џонс.

Во 32 натпревари во НБА оваа сезона, српскиот кошаркар има просек од 29,6 поени, 12,2 скока и 11 асистенции.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1