Connect with us

Свет

Над милион домаќинства во Украина без струја по големиот руски ноќен напад

Повеќе од еден милион домаќинства во Украина останаа без електрична енергија по големиот руски напад во текот на ноќта врз енергетската мрежа и индустриските капацитети на земјата, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на украинските власти.

Украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко, изјави дека во нападите биле погодени пет региони, при што биле повредени исто толку лица. Во тек се активности за гаснење на пожарите и за обнова на снабдувањето со електрична енергија.

Русија често ја таргетира енергетската инфраструктура на Украина од почетокот на војната, но ги засили нападите со доаѓањето на зимата, забележува Би-Би-Си.

Меѓу погодените региони е и јужната област Одеса, која, според локалните власти, била цел на најголемиот напад од почетокот на воениот конфликт пред речиси четири години.

Нападот беше извршен пред претстојните преговори во Берлин в понеделник, меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски, европските лидери и специјалниот пратеник на САД, со цел изнаоѓање начин за ставање крај на војната. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2