Connect with us

Свет

Поради инфлацијата и строгите мерки: Романците ќе купуваат поскромни подароци за Божик

Во година на строги економски мерки и покачување на цените, романските граѓани ќе го дочекаат претстојниот Божик со повисоки трошоци и со поскромни подароци. Тие издвојуваат најмал буџет за празниците во последните десет години, јавуваат локалните медиуми.

Неодамнешното истражување на „Рајфајзен банка“, цитирано од Диџи24, покажува дека речиси половина од анкетираните ќе одвојат меѓу 500 и 1.000 леи (едно евро се разменува за 5,09 леи) за изненадувања за своите најблиски. Тие планираат да пазарат претежно во супермаркетите и во онлајн продавниците. Парите, предвидени за трошење, доаѓаат од заштедите и од декемвриската плата. Економистите пресметуваат дека за две деца родителите ќе потрошат меѓу 500 и 700 леи.

Најновите податоци на Националниот статистички институт покажуваат дека играчките поскапеле за 20 отсто, книгите за 10 отсто, часовниците и аудио-визуелните уреди за осум отсто, облеката за шест отсто, а обувките за пет отсто.

Поради ограничените можности, повеќето Романци ќе ги поминат празниците дома со семејството, роднините и пријателите. Само осум проценти планираат да одат на одмор.

На прашањето каков симболичен подарок посакуваат, повеќето одговориле здравје, среќа, пари и мир.

Добрата вест е дека повеќето работодавачи во Романија, или 89,7 отсто, ќе обезбедат божиќни бонуси за вработените, покажува последното истражување спроведено од „иЏобс“ (eJobs). Ќе има и други бенефиции, како што се ваучери за подароци, платени слободни денови или забави на крајот на годината.

Во споредба со минатата година, 84 отсто од работодавачите велат дека вредноста на бонусите останала непроменета, осум отсто ги зголемиле своите буџети, а други осум проценти ги намалиле. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2