Connect with us

Свет

Украина го нападна со дронови руското нафтено поле Филановски на руски Лукоил во Касписко Море

Украинските сили го нападнаа нафтеното поле Филановски на руската компанија Лукоил на Каспиското Езеро, објави Блумберг.

Украинските дронови ја погодија офшор платформата најмалку четири пати, прекинувајќи го производството на повеќе од 20 бушотини, соопшти агенцијата.

Компанијата Лукоил досега не реагираше.

Полето Филановски во рускиот дел од Каспиското Езеро, според претходните податоци на Лукоил, има годишен производствен капацитет од шест милиони тони нафта, или околу 120.000 барели дневно.

Вкупното производство на сурова нафта и кондензат на групацијата Лукоил во Русија минатата година изнесуваше 76,5 милиони тони, што значи дека полето Филановски обезбедува помалку од осум проценти од домашното производство.

Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека продолжува со операциите против рускиот нафтен и гасен сектор, постојано проширувајќи го географскиот опсег на напади.

Извор од СБУ изјави дека нападот на Каспиското Море е „уште еден потсетник за Русија дека сите нејзини компании кои работат за воените напори, каде и да се, се легитимни цели“.

Ad
Ad