Connect with us

Општини

Започнаа подготовките за промената на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Кочани

Од денеска започнаа подготовките за најавената измена на сообраќајниот режим во централното градско подрачје на Кочани, ги информираат граѓаните соодветните служби на општинската администрација.

-Се поставува вертикалната сигнализација на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, на дел од улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“, се наведува во писменото соопштување.

Изменетиот режим, велат од Општината, ќе се применува по целосното поставување на вертикалната сигнализација, а првите неколку денови сообраќајот ќе се одвива со поддршка од полициски службеници на Одделението за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4