Connect with us

Општини

Плакета од ИФФК „Браќа Манаки“ за градоначалникот Тони Коњановски

Интернационалниот фестивал на филмската камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ додели плакета на градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски во знак на јавна благодарност за поддршката на фестивалот.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека на заедничка средба со градоначалникот Коњановски, директорот на фестивалот Димитрија Доксевски и извршниот директор Роберт Јазаџиски биле разменети информации за досегашната и идната соработка меѓу фестивалот и општината.

Првите луѓе на фестивалот „Браќа Манаки“ на градоначалникот Коњановски му врачија плакета со мотив од плакатот за 46-то издание чиј автор е светски познатиот македонски сликар Киро Урдин. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 4