Свет
Путин во Туркменистан ќе се сретне со Ердоган
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска најави дека рускиот претседател Владимир Путин утре ќе се сретне со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.
Како што наведе Песков, Путин утре ќе разговара со Ердоган на меѓународниот форум посветен на Светската година на мирот и довербата што се одржува во Ашкабад, Туркменистан.
декември 12, 2025


