Connect with us

Кошарка

Медиуми: Тринкиери наследник на Обрадовиќ на клупата на Партизан

Италијанскиот кошаркарски стратег Андреа Тринкиери ќе го наследи Жељко Обрадовиќ на клупата на белградски Партизан, јавија денеска дел од српските медиуми.

Според телевизијата „Спорт клуб“, Тринкиери веќе се договорил со раководството на Партизан околу враќање на тренерското место.

Тринкиери е без тренерски ангажман откако летоска доби отказ во Жалгирис, само 36 часови по освојувањето на титулата во литванското првенство.

Искусниот 57-годишен италијански стратег од 2018 до 2020 година го предводеше Партизан, кој е без тренер откако најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ ја напушти клупата и покрај одлуката на клупското раководство да не ја прифати неговата оставка, како и големиот притисок од навивачите да продолжи да го предводи клубот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1