Connect with us

Кошарка

Лејкерси ја забележаа седмата победа по ред и се искачија на второто место на Запад

Екипата на Лос Анџелес лејкерс, рано утрово го победи тимот на Њу Орлеанс пеликанс со 133:121.

За Лејкерс не настапи Леброн Џејмс, кој закрепнува од повреда на стапалото.

Калифорнијците ја остварија седмата победа по ред и се искачија на второто место во Западната конференција на НБА-лигата. Последниот пораз на Лејкерсите беше на 13 ноември, против Оклахома Сити.

Билансот на ЛА лејкерс е 15-4 (победи-порази). Лидер е шампионот Оклахома со ефект 20-1.

Во Источната конференција води Детроит пистонс со 16-4.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1