Кошарка
Илиевски по успешниот старт во претквалификациите: Ова е е прв показател дека се случува нешто позитивно
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, верува дека неговите избраници се на добар пат да постигнат успешно да ги завршат претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029.
„Црвено-жолтите“ со максимални две победи водат во А-групата по две одиграни кола, ист ефект има и Луксембург.
- Победата над Ирска со 12 поени разлика е голема. Игравме во Даблин по меч по кој бевме три дена заедно, се рехабилитиравме на тој тренинг што ни беше дозволен. Го сработивме она кое го посакувавме и среќен сум и горд на играчите, од прв до последен. Од оној што имаше најголема минутажа, до хемијата, но и до оние кои не влегоа да игра и беа со тимот. Сите си беа поддршка еден на друг. Тоа говори дека Македонија е на добар пат да биде успешна во овој претквалификациски циклус кој води кон пласман во наредната фаза на Евробаскетот во 2029 година, изјави Илиевски по мечот со Ирска.
Следен ривал на македонските кошаркари е селекцијата на Луксембург, која доаѓа во Скопје на 27 февруари наредната година.
- Не можеме да зборуваме за некаква форма од сега, за февруари. затоа што ние се собираме во краток временски период, и „прозорците“ траат една недела. Во која физичка подготовка и во која линија ќе бидат играчите во своите клубови и колку тоа ќе може да го ставиме во функција тогаш, тоа е прашање на моментот. Луксембург во првиот меч одигра одлично на стартот против Ирците, а во последните минути се решаваше победникот. Тоа говори дека таа екипа е со идентичен квалитет како овој ривал што го имавме сега, истакна македонскиот селектор.
Сигурен пласман во квалификациите ќе избори првопласираната репрезентација.
декември 2, 2025

