Connect with us

Општини

Кумановската библиотека одбележа 80 години постоење

Кумановската библиотека „Тане Гегоргиевски“ денеска со свечена манифестација во Занаетчискиот дом одбележа 80 години од постоењето. Ученици, професори, читатели го проследија настанот кој визуелно го прикажа растот на установата од скромните почетоци како народно читалиште со 1.300 книги до современа јавна установа што ги следи модерните, културни и образовни текови.

  • Основана во 1945 година, библиотеката ја започна својата мисија како мало народно читалиште со скромен книжен фонд, создаден главно преку донации од граѓаните. Денес, таа прерасна во модерна институција сместена во две простории, оддел за возрасни и оддел за деца сместен во Центарот за култура, со зголемен фонд, подобрени просторни услови и посебно детско одделение кое функционира од 2005 година, изјави директорката на установата, Марија Спасовска.

За вработените, сегашни и поранешни, за читателите јубилејот е потсетник на историјата, и на постојаната трансформација на установата која останува прибежиште за љубителите на пишаниот збор.

-Библиотеките се свети места што создаваат нови пријателства, отвораат нови светови и нудат нови искуства. Порачувам на сите да читаат, кој чита, живее илјада животи, а кој не чита, живее само еден, истакна директорката.

Библиотеката ги награди и најдобрите ученици по повод месецот на книгата кои се натпреваруваа и на литературниот и на ликовниот конкурс. Надлежните од библиотеката ќе настојуваат постојано да го збогатуваат книжниот фонд, да привлечат млади читатели

  • Нашата цел е децата и младите не само да читаат, туку и критички да размислуваат, да создаваат и да се развиваат, изјави Спасовска.

Присутните визуелно преку презентација го разгледаа развојниот пат на библиотеката кој го прикажа значењето на установата за локалната заедница. Преку промоција на писменоста, културата и критичката мисла, библиотеката продолжува да ја исполнува својата суштинска мисија, порачаа говорниците – ученици и читатели.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4