Општини
Целосно ќе се реконструираат Спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ и салата за гимнастички спортови „Партизан“ во Кочани
Спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ и Салата за гимнастички спортови „Партизан“ ќе бидат целосно реконструирани во текот на наредната 2026 година, најавува администрацијата на Општина Кочани.
Ова, како што велат, е резултат на вчерашната средба во Скопје помеѓу претседателот на Општинскиот совет, Александар Андов и секретарот на Општината, Драган Ананиев, со министерот за спорт, Борко Ристовски.
-Министерот изрази силна поддршка и посветеност кон развојот на спортот и унапредување на спортската инфраструктура во Кочани. Овие инвестиции претставуваат значаен чекор напред за развој на спортот и ќе обезбедат современи услови за тренинг и напредок на младите таленти, соопшти Општина Кочани.
ноември 26, 2025

