Connect with us

Општини

Сашо Томиќ, нов директор на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово

Сашо Томиќ е нов директор на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово. Тој доаѓа на местото на Ненад Стојановски, кој осумнаесет месеци ја извршуваше функцијата.

– „Чистота и зеленило“ информира дека на функцијата вршител на должност директор е назначен Сашо Томиќ. Му посакуваме успешно работење, професионални достигнувања и континуирани резултати во интерес на граѓаните и на нашето претпријатие. На досегашниот директор Ненад Стојановски му упатуваме искрена благодарност за досегашниот ангажман и му посакуваме многу успех и среќа во понатамошната работа, информираа од претпријатието.

Томиќ веќе 34 години е вработен во претпријатието на повеќе позиции, последната – советник на директорот на човечки ресурси, а претходно бил раководител на центарот за наплата и раководител на комерцијалната служба. Тој е дипломиран социјален работник.

-Интенцијата е да се стабилизира состојбата на претпријатието, од сите аспекти, финансиски, човечки, потенцијал и ресурси за да се подобрат услугите коишто „Чистота и зеленило“ ги нуди кон граѓаните и во однос на комуналната хигиена и во однос на секторот „Зеленило“, изјави Томиќ.

„Чистота и зеленило“ е едно од петте јавни претпријатија во Куманово.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2