Connect with us

Свет

Службениците во ЕК сакаат пократко работно време, повеќе работа од дома и заштита од премореност

Вработените во Европската комисија сметаат дека нивното работното време треба да биде под 40 часа неделно, да имаат право на најмалку 30 дена работа од дома годишно, како и да им се обезбедат услови за заштита од премореност од работните обврски.

Ваквите барања евробирократите ги изнеле во интерно истражување на Европската комисија меѓу нејзиниот персонал, во рамки на плановите за преструктурирање на административната служба на ЕУ.

Според извори во ЕК, најпопуларно прашање во анкетата во која биле вклучени сите вработени во извршното тело на ЕУ било дали се планира кратење на работното време под 40 часа неделно.

Дополнително било предложено сегашните дозволени 10 дена годишно за работа од дома да се зголемат на најмалку 30.

Вработените побарале и мерки за заштита од премореност од работа, тврдејќи дека „во некои служби персоналот е трајно преоптоварен“, дека се соочуваат „со екстремно работно оптоварување“, како дека треба „да престане менталитет да се бара повеќе со помалку персонал“.

Некои од вработените се пожалиле и дека имаат чувство оти не се доволно ценети за работата што ја вршат.

  • Никогаш не ни е покажавте дека со нашата секојдневна работа сме најголемиот капитал на Комисијата, постојано не затрупувате со информации, не ни се верува и повеќето луѓе се целосно истрошени и емоционално и интелектуално, наведува службеничка на ЕК.

На ваквите забелешки еден од одговорните лица во Службата за човечки ресурси на ЕК, Стивен Квест порача дека Комисијата „исклучително сериозно“ ја сфаќа благосостојбата на својот персонал.

Врз основа на оваа анкета, според него, не е исклучено дека бидат изменети некои постоечки одлуки и правила.

Меѓутоа, таквиот оптимизам не го споделува и еврокомесарот за буџет и јавна администрација Пјотр Серафин, посочувајќи дека во услови кога земјите членки на ЕУ не се расположени да финансираат поголема европска администрација, Европската комисија ќе мора и во иднина да продолжи да работи според моделот „нови задачи, без нови ресурси“.

Според него, колку повеќе ЕК и нејзините вработени ќе можат да покажат дека знаат како да се прилагодат на новите приоритети на ЕУ, толку ќе бидат и покредибилни во преговори за обезбедување дополнителни средства за администрацијата.

Со планот за следната буџетска рамка на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година, Серафин побарал обезбедување средства за ангажирање на 2.500 дополнителни државни службеници, но, според дипломатски извори, таквиот предлог бил „речиси едногласно“ отфрлен од страна на земјите членки.

Конечните препораки за преструктурирање на административната служба на ЕУ, Серафин треба да ги достави до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен до крајот на 2026 година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3