Connect with us

Свет

Карни: Канада ќе ги продолжи трговските разговори со САД „кога ќе биде соодветно“

Премиерот на Канада, Марк Карни денеска најави дека Отава ќе ги продолжи трговските разговори со САД „кога ќе биде соодветно“.

Трамп минатиот месец ги прекина трговските разговори со Канада поради реклама на покраинската Влада на Онтарио насочена против царините.

– Многу сме зафатени со иднината на Канада и новите партнерства. Ќе има разговори со претседателот (Трамп), веројатно во следните две недели. Ќе продолжиме кога ќе биде соодветно, изјави Карни на маргините на Самитот на Г20 во Јоханесбург.

Тој повтори дека е отворен за дијалог.

– Во овој момент немаме непосредно прашање за дискусија со претседателот. Кога САД ќе сакаат да се вратат и да разговараат за трговијата, ние ќе разговораме, посочи Карни.

Канада сака договор за намалување на увозните царини за челикот, алуминиумот и автомобилите, наметнати од Трамп.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1