Connect with us

Свет

Јермак: Украинската делегација во Женева разговараше со европските безбедносни претставници

Шефот на кабинет на украинскиот претседател, Андриј Јермак денеска соопшти дека украинската делегација разговарала со европските безбедносни претставници во Женева.

– Украинската делегација, именувана од претседателот (Володимир) Зеленски, почна со работа во Женева. Таа го одржа својот прв состанок со Џонатан Пауел, Емануел Бон и Гинтер Заутер, советници за национална безбедност на лидерите на Велика Британија, Франција и Германија, објави Јермак на платформата Икс.

Тој додаде дека следат разговори со американската делегација и дека украинската делегација е во „многу конструктивно расположение“.

Јермак посочи дека за денеска е планирана „серија состаноци во различни формати“ и оти Украина продолжува да работи заедно со меѓународните партнери со цел да се постигне „траен и праведен мир за Украина“.

Во составот на украинската делегација, предводена од Јермак, се секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустен Умеров, началникот на Главната дирекција за разузнавање (ГУР) на Министерството за одбрана Кирил Буданов, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Гнатов и други високи претставници. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4