Connect with us

Свет

Европскиот центар за превенција и контрола на болести предупреди за појава на нова варијанта на грипот

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека сезоната на грипови годинава почнала три до четири недели порано од вообичаеното, поради појавата на нова варијанта на грипот. 

Според Центарот, станува збор за подваријанта на вообичаен сој на грипот H3N2, што веќе резултира со многу побрзо ширење на болеста во неколку европски земји. 

ЕЦДЦ предупредува и дека бројот на заболени од грип во Европа оваа сезона би можел да биде поголем од вообичаениот за тој период од годината, затоа што превенцијата од оваа нова варијанта не е вклучена во овогодишната вакцина против грип. 

Составот на вакцините за оваа година бил утврден во февруари, во време кога новата варијанта на грипот се уште не билa присутна. 

Лекарите предупредуваат дека не станува збор за потешка варијанта на грипот, но тоа што вакцината нуди помала заштита од неа, постои загриженост дека би можеле да се разболат повеќе постари лица. 

Од овие причини, ЕЦДЦ информира дека се подготвува за „потешка сезона на грипот“, особено во земјите со ниски стапки на вакцинација и апелира до граѓаните и здравствените работници да бидат дополнително внимателни и да обрнат поголемо внимание на хигиената на рацете и употребата на маски за лице.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1