Connect with us

Скопје

Реконструкција и проширување на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода за едносменска настава

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска изврши увид во тековните активности за реконструкција на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, кои треба да обезбедат учениците да следат настава во една смена. Покрај внатрешното реновирање, се извршува и партерно уредување на дворот, со поставување павер елементи за побезбедна и поуредна околина за учениците.

-Ова училиште, кое има најголем капацитет за ученици, претставува значаен образовен центар за целата општина. Проектот е насочен кон унапредување на условите за учениците, што за мене, како градоначалник е еден од нашите најважни приоритети. Сакам да напоменам дека во тек е и интензивна работа на проектот за проширување на училишната зграда, со чија реализација сите ученици ќе можат да следат настава исклучиво во прва смена. Со тоа значително ќе се унапреди квалитетот на наставниот процес, а на учениците ќе им се овозможи повеќе слободно време за одмор и воннаставни активности. Проширувањето опфаќа 130 m² на секој кат, односно вкупна површина од 390 m². Покрај внатрешното реновирање, во процес е и партерно уредување на дворниот простор со поставување бекатон плочки, со цел да се обезбеди побезбедна, поуредна и функционална околина за учениците. Верувам дека овие инвестиции, како и оние што ќе следат во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода, ќе помогнат во унапредување на квалитетот на образованието и развојот на нашите идни генерации-изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска по завршениот увид.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2