Останати спортови
Хиршер го одложи враќањето на патеките
Осумкратниот победник на Светскиот куп во скијање Марсел Хиршер уште еднаш го одложи враќањето на белите патеки. 36-годишниот скијач минатата година се здоби со тешка повреда на вкрстените лигаменти се врати на тренинзите и планираше настап на првата трка сезонава во Зелден на велеслаломот.
Но, се откажа и најави настап на слаломот во финскиот ски центар Леви, кој треба да се одржи следниот викенд.
Од неговиот тим соопштија дека тој се чувствува добро барем кога станува збор за повредата на коленото, но потребно е има одреден број „минати километри“ истакнаа од неговиот тим.
Хиршер од минатата сезона настапува за Холандија, иако сите досегашни успеси ги постигна како скијач на Австрија.
ноември 10, 2025

