Кошарка
Нов – шести „трипл-дабл“ за Никола Јокиќ
Предводени од српскиот кошаркар Никола Јокиќ екипата на Денвер стигна до нов триумф откако ноќеска пред своите навивачи ја совладаа Индијана со 117:100. Ова беше еден од осумте одиграни дуели сабота на недела навечер.
Јокиќ дуелот го заврши со нов „трип-дабл“: 32 поена и по 14 скокови и асистенции. Тој имаше шут од игра 10/14, додека слободните фрлања ги шутираше 11/12, а имаше и осум изгубени топки.
Ова е шести „трипл-дабл“ во оваа сезона.
Резултати: Вашингтон – Далас 105:111, Филаделфија – Торонто 130:120, Атланта – Лос Анџелес Лејкерс 122:102, Кливленд – Чикаго 128:122, Мајами – Портланд 136:131, Сан Антонио – Њу Орлеанс 126:119, Денвер – Индијана 117:100 и Лос Анџелес Клиперс – Феникс 103:114.
ноември 9, 2025

