Connect with us

Кошарка

Победа за „металците“ во Битола

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија победа со 72:67 на гостувањето во Битола против Пелистер. За домашниот тим ова беше прв пораз по шесте одиграни кола.

Во првиот дел со мал број поени Пелистер водеше со 32:29, но во пресрет на последната четвртина МЗТ Скопје А. дојде до предност откако ја доби третата четвртина со 22:17. Тоа како да беше најава за одличен старт во последната четвртина и предноста од 13 поени 65:52. Домашниот тим сепак успеа да ја врати неизвесноста во финишот на дуелот, кога намали на 63:67. Но, немаше сили за комплетен пресврт.

На првиот натпревар од 6.коло одигран денеска Работнички – Чаир 87:84. На вчера одиграните дуели беа постигнати следниве резултати: Гостивар – МКК Куманово 65:79, ТФТ – Ангели 67:57 и Тиквеш – Феникс 82:86.

Утре во Гевгелија играат: Кожув – Маџари.

Табела: ТФТ 12 бода, Пелистер 11, МКК Куманово 11, Работнички 10, МЗТ Скопје А. 10, Тиквеш 8, Кожув 8, Феникс 8, Гостивар 7, Ангели 7, Маџари 6, Чаир 6.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1