Ракомет
Убедлив триумф на Охрид против Пролет
Ракометарите на Охрид остварија висока победа во последниот денешен натпревар од 11.коло од Супер лигата. Тие пред своите навивачи го совладаа тимот на Пролет со 30:20.
Очекувана висока победа постигна и првакот Еурофарм Пелистер против претпоследниот на табелата Куманово со 45:20, додека поголема неизвесност имаше на другите два дуела од денешната програма.
Прилеп како гостин го совлада Радовиш со 29:24, а Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостувањето против Струга со 26:22.
Утре со почеток во 18:30 часот се игра дербито на коло во дуелот на непоразените ќе се сретнат Вардар и Алкалоид. За комплетирање на оваа рунда утре се игра и натпреварот меѓу Тиквеш и Бутел.
Табела: Вардар 20 бодови, Е.Пелистер 19, Алкалоид 18, Охрид 17, Бутел 11, Тиквеш 10, Еурофарм Пелистер 10, Пролет 9, Прилеп 8, Струга 4, Куманово 2, Радовиш 0.
ноември 9, 2025

