Фудбал
Вулверхемптон му врачи отказ на Переира
																								
												
												
											Англискиот фудбалски прволигаш Вулверхемптон го отпушти денеска тренерот Витор Переира по серијата од десет натпревари без победа во новата премиерлигашка сезона која го остави клубот на последното место на табелата.
„За жал, почетокот на оваа сезона беше разочарувачки и, и покрај нашата силна желба да му дадеме време и натпревари на тренерот за напредок, дојдовме до точка каде што треба да направиме промена“, рече претседателот на Вулверхемптон, Џеф Ши.
Вулверхемптон претрпеа пораз од 3-0 од Фулам во саботата, продолжувајќи ја својата серија без победа на 10 лигашки натпревари со само два бода од можни 30, со најмалку постигнати и најмногу примени голови во лигата.
Переира заминува по 11 месеци на чело на Вулверхемптон, откако го замени Гери О’Нил во декември 2024 година. Под негово водство, Вулверхемптон нанижа серија од шест последователни победи во март и април, и обезбеди опстанок во премиерлигашкото друштво.
ноември 3, 2025
											
											
											
								
								
