Фудбал
Премиер лига: На Боксинг деј ќе се игра само еден натпревар
Премиер лигата соопшти дека експанзијата на европските клупски натпреварувања довело до намалување на бројот на натпревари на традиционалниот „Боксинг деј“ (26 декември).
Оваа година, само еден натпревар ќе се игра денот по католички Божиќ, кога Манчестер Јунајтед ќе го пречека против Њукасл, додека минатата година имаше осум натпревари на тој ден.
Премиер лигата во петокот објави дека проширувањето на европските натпреварувања како Лигата на шампиони носи „неколку предизвици“.
„Со помалку достапни викенди, ПЛ е ограничена со календарот. Како и во претходните години, направени се посебни аранжмани за да се овозможи повеќе време помеѓу натпреварите за време на празничниот период“, се вели во соопштението.
Премиер лигата додаде дека може да гарантира повеќе натпревари на „Боксинг деј“ во 2026 година, бидејќи денот тогаш паѓа в сабота.
ноември 1, 2025

