Connect with us

Фудбал

Гвардиола најави враќање на Халанд и Родри

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, најави дека голгетерот Ерлинг Халанд и играчот од средниот ред Родри ќе се вратат во тимот оваа недела.

Норвежанецот Халанд во моментов е најдобар стрелец во Премиер лигата со 11 голови, далеку пред Тијаго од Брентфорд и Семењо од Борнмут, кои имаат по шест гола.

Шпанецот Родри е надвор од тимот подолго време, од натпреварот против Брентфорд на почетокот на октомври поради повреда на тетивата.

– Родри се враќа во тимот, но не сум сосема сигурен дали ќе биде на теренот од првата минута, изјави Гвардиола пред утрешниот дуел против Борнмут, најпријатното изненадување во сезоната во Премиер лигата досега и тим кој е на второто место на табелата.

Арсенал е лидер на табелата со 22 бодови. Борнмут има 18 бодови на второто место, додека Манчестер Сити заостанува два бода и е на петтото место.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг