Connect with us

Хроника

МВР: Расчистени кривични дела извршени од малолетници во реонот на Бит Пазар

Расчистени се кривични дела „разбојништво“ и „насилство“, извршени од малолетници во реонот на Бит Пазар, следуваат кривични пријави, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во Скопје, во Полициската станица – Бит Пазар извршен е службен разговор со тројца малолетници, во присуство на нивните родители, поради основи на сомнение дека на 30.06.2025 извршиле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од КЗ врз малолетник од Скопје. Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, појаснуваат од МВР.

Исто така, од страна на полициски службеници од ОКР Центар-Бит Пазар, од слобода бил лишен малолетник од Скопје, како што се додава во соопштението, поради тоа што изршил кривично дело „насилство“ на 22.10.2025 врз друг малолетник.

– Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат од МВР.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг