Connect with us

Скопје

Заеднички проект на Министерството за здравство и општина Гази Баба – по шест децении ќе се гради нова амбуланта во Автокоманда

Министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска во Министерството за здравство потпишаа заеднички договор за изградба на нова амбуланта во населба Автокоманда, што ќе функционира во рамки на Здравствен дом Скопје.
 
– Новата амбулантата ќе биде изградена на местото на постојниот дотраен и руиниран објект, што бил изграден непосредно по земјотресот во Скопје, во 1963 година. Изградбата на оваа амбуланта е добар пример за соработка меѓу централната и локалната власт, истакна министерот Алиу.
 
Од Министерството за здравство соопштија дека согласно договорот со Општината Гази Баба ќе соработуваат во изготвување на потребната документација за основниот проект за изградба во сите фази и обезбедување проектна документација за што побрзо реализирање на овој заеднички проект.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3
Маркетинг