Connect with us

Фудбал

Арсенал и Баерн поставија рекорди

Арсенал постави англиски рекорд во „чиста мрежа“ за еден месец. Лондонските „топчии“ станаа првиот тим од Премиер лигата  што не примил гол на шест натпревари за еден месец.

Арсенал вчеравечер го победи Брајтон со 2:0 во четвртото коло од англискиот Лига куп.

Претходно лондонскиот клуб ги победи Кристал Палас (1:0), Фулам (1:0) и Вест Хем (2:0) во Премиер лигата, како и Атлетико Мадрид (4:0) и Олимпијакос (2:0) во Лигата на шампионите.

Исто така и Баерн Минхен постави нов рекорд. Баварците се истакнаа во победи на почетокот на сезоната во петте најдобри лиги во Европа

Баерн има 14 последователни натпревари на почетокот на сезоната 2025/26. Тимот од Минхен синоќа го победи Келн со 4:1 во 1/16финалето на Купот на Германија.

Претходниот рекорд беше во сопственост на Милан од 13 последователни победи на почетокот на сезоната 1992/93. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг