Скопје
Официјализиран вториот мандат на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски
Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук соопшти дека денеска Општинската изборна комисија Гази Баба му го врачила уверението за неговиот избор за градоначалник на Општина Гази Баба во втор мандат.
-Од срце им се заблагодарувам на сите граѓани на Општина Гази Баба за укажаната доверба, поддршка и верба во заедничката визија за поубава и посилна Гази Баба. Вие сте мојата најголема мотивација и причина да продолжам со уште поголем елан и посветеност!, напиша Стефковски.

Тој упати честитки до претседателката и членовите на Општинската изборна комисија Гази Баба за професионално и успешно спроведениот изборен процес за избор на градоначалник и членови на Советот на општината.
-Во наредниот период, ќе продолжиме со реализација на започнатите проекти, со нови идеи и решенија кои ќе го подобрат животот на секој жител – во секое населено место низ Општина Гази Баба. Заедно продолжуваме напред за модерна, чиста и обединета Гази Баба!, посочува Стефковски во објавата.
октомври 30, 2025

