Connect with us

Скопје

Митески: Целосно ќе се реконструира улицата ,,Симеон Кавракиров“ во Мичурин

Подобрата инфраструктура не е само асфалт – таа е темелот на уреден, функционален и безбеден сообраќај во Аеродром. Со таа визија, ја најавуваме целосната реконструкција на улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин, каде што ќе се изврши обнова на коловозот и тротоарите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Покрај тоа, Аеродром добива и:

Реконструкција на улицата „Вењамин Мачуковски“ (од зграда 1а до зграда 28).

Реконструкција на улицата „2“ во Долно Лисиче.

Реконструкција на крак од улицата „1“ до амбулантата во Долно Лисиче.

Асфалтирање на дел од улицата „5“ кон ул. „1“ во Долно Лисиче.

Реконструкција на улицата „Хаџи Трајко“ во Горно Лисиче.

Реконструкција на дел од улицата „Божин Николов“ во Горно Лисиче.

Реконструкција на улицата „Лисец“ (лево и десно) во Горно Лисиче.

Реконструкција на улицата „Богомилски поход“ во Лисиче;

Реконструкција на улиците „Тодор Чангов 28“ со крак 1, „Тодор Чангов 23“, „Тодор Чангов 51“, „Гаврил Константиновиќ“ со крак 1, „Тодор Чангов 41“ со

крак 1, крак 2 и крак 3, крак на ул. „Тодор Чангов“ бр. 52;

Реконструкција на краци на улицата „Ѓорѓи Капчев“ (бр. 5, 10 и 22).

Реконструкција со ново сообраќајно решение на улицата „Ѓорѓи Капчев“.

Реконструкција на крак на булеварот „Трета македонска бригада“ (зад „Урбан гарден“).

Реконструкција на тротоари по должината на улицата „23 Октомври“ во Острово.

Аеродром ќе биде место со модерна инфраструктура за сите граѓани!

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1
Маркетинг