Connect with us

Фудбал

Голманот на Интер, Мартинез, учествувал во сообраќајна несреќа со смртни последици

Голманот на италијанскиот вицешампион Интер, Хосеп Мартинез (27) бил вклучен во сообраќајна несреќа во која загина едно лице, јавија денеска италијанските медиуми.

Според истите извори, 81-годишен маж во електрична инвалидска количка загинал по судир со автомобил управуван од Мартинез.

Околностите на несреќата сè уште се утврдуваат, но според досегашните информации, инвалидската количка излетала од велосипедската патека на патот директно пред автомобилот на Мартинез.

„Автомобилот управуван од голманот на Интер Хосеп Мартинез удрил човек во електрична инвалидска количка кој се движел по велосипедска патека веднаш до патот местото Фенегро, во покраината Комо. Мартинез го запрел автомобилот за да му помогне на човекот, кој починал пред да пристигне брзата помош“, се вели во соопштението на италијанската полиција.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг