Connect with us

Општини

Осветен новиот храм „Св. вмч. Георгиј“ во селото Блатец, Виничко

Неговото високопреосвештенство, митрополитот Брегалнички г. Иларион, го освети новоизградениот храм посветен на „Св. великомаченик Георгиј“ во селото Блатец, Виничко. Осветувањето се случи вчера кога Православната црква ја прослави Светата маченичка Злата Мегленска и светите маченици Карп и Папила. 

По чинот на осветување, митрополитот Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение со свештенослужители од Брегалничката епархија.

На крајот од литургијата, митрополитот упати пригодна беседа до присутните верници, а за особени заслуги и несебична поддршка при изградбата на храмот, го одликуваше Тодор Голубов од Блатец со орден „Св. Николај“.

По завршувањето на богослужбата, беше благословен и пресечен празничниот леб.

Со тоа, новиот храм „Св. вмч. Георгиј“ во Блатец свечено беше предаден на употреба на верниците, кои во голем број присуствуваа на овој значаен духовен настан

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг