Connect with us

Општини

Автомобил заглави во подвозник со насобрана вода во Тетово, нема повредени

 Возач неуспешно се обидел да помине со својот автомобил преку подвозник каде имало насобрана вода поради интензивните врнежи од дожд во Тетово, информираат од Центарот за управување со кризи по пријавата преку бројот за итни повици Е-112 за овој настан во населбата Дарданија во близина на подвозникот кај полигонот.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово информираат дека веќе неколку часа се интервенира на тоа место.

– Водата се испумпува со две пумпи и две противпожарни возила и четворица пожарникари. Но, бидејќи врнежите од дожд не прекинуваат повеќе часови се одвива интервенцијата. Наша екипа ќе биде тука сè додека не се отстрани насобраната вода, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Од ЦУК апелираат до граѓаните за претпазливост и почитување на упатствата од надлежните служби.

– До населбата Дарданија постојат две алтернативни улици, кои граѓаните можат да ги користат за непречено извршување на своите секојдневни обврски додека трае расчистувањето и нормализирањето на состојбата, велат од ЦУК.

Од Јавното комунално претпријатие за водовод и канализација „Шар“ информираа дека и нивни екипи се на терен за време на врнежите од дожд, интервенирајќи на места каде се собира поголема количина вода.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3
Маркетинг