Општини
Николоски: Демир Капија има огромен потенцијал не само во делот на земјоделието, туку, исто така и во делот на туризмот
Општината има огромен потенцијал не само во делот на земјоделието, туку, исто така и во делот на туризмот. Навистина можеме да направиме многу тука во делот на привлекување туристи. Ова го истакна вечерва потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски, на мини митинг во Демир Капија.
Тој ги посочи пругата Солун – Скопје и автопатот како предности на Демир Капија.
-Победата во првиот круг е јасна, ќе ја запечатиме во вториот круг. Ќе славиме на 2 ноември, Наталија е идниот градоначалник на општина Демир Капија. Би сакал да се заблагодарам на сите коишто излеговте, гласавте, го поддржавте ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг и да ве повикам уште помасовно, помотивирано да излезите во вториот круг, да ги поканите сите кои ги познавате и да имаме една голема, убедлива победа на 2 ноември – број 9 и нов градоначалник на општината, рече тој.
Јасно е, додаде тој, дека Демир Капија ги одбра промените.
-И минатата година со големата победа на парламентарните избори, кога се стави крај на седумгодишното пустошење, на седумгодишното владеење на СДСМ и на ДУИ и оваа година на локалните избори – јасен е резултатот, јасна е волјата, ставаме крај на осумгодишното пустошење на општината. Демир Капија ќе има нов градоначалник, ќе има жена – градоначалник што мислам дека е многу битно. Мајка на општината, којашто заедно со Владата предводена од премиерот Мицкоски, заедно со сите нас, ќе работи на реализација на проектите што ги вети и што се остварливи, а на општината, долго време и се потребни, нагласи Николоски.
октомври 26, 2025

