Connect with us

Општини

Низа поволности за жителите на Росоман најави кандидатот за градоначалник Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ

Низа поволности за жителите на Росоман најави кандидатот за градоначалник Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот мини митинг.

-Заедно со градоначалникот Митко Јанчев и општина Кавадарци, ќе воведеме годишна карта за паркинг од 800 денари за сите жители на општина Росоман и бесплатен превоз за сите пензионери кои ќе го користат јавниот превоз. Ќе обезбедиме храна за дечињата во основното училиште, а не како сега во спотови. Ќе се обезбедат бесплатни униформи а не како до сега родителите да бидат изложени на дополнителни трошоци притиснати од раководството на општината. Заедно со АД Водостопанство ќе отвориме подрачна канцеларија во Росоман, ќе се воспостави кол центар 24/7 каде граѓаните ќе ги пријават своите проблеми, а за сите семејства од социјален ризик ќе воведеме бесплатна градинка, рече Крстевски.

Тој рече дека Росоман повторно покажува дека не се плаши од промени, дека знае да се бори за својата иднина.

-Во првиот круг ја видовме силата на народот со јасна порака: Росоман сака промени! Росоман сака работа и резултати, додаде тој. 

На денешниот настан во општина Росоман, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамките на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат 2 ноември, Крстевски посочи дека тие што со години владееле со лаги, со притисоци и со страв нека знаат дека времето им завршува, дека народот се биди и не се заплашува, а кога Росоман ќе се разбуди, тогаш нема сила што може да го запре.

Крстевски додаде дека во вториот круг нема калкулации и дека има само две страни, едната на страната на народот, а другата на страната на корупцијата, на страната на иднината, или на страната на минатото.

-Ние стоиме со народот и затоа, пред сите вас, ветувам дека во наредниот период ќе реализираме проекти што ќе ја променат општината, подвлече тој. 

Додаде дека заедно со Владата и министерството за транспорт и врски, се обврзуваат дека ќе ја направат клучката и долгоочекуваниот проблем во Сирково, конечно да се реши.

-Ова не се само ветувања, ова се конкретни дела што ќе ги почувствува секое семејство, секој земјоделец, секој млад човек што сака да остане во Росоман. Ќе изградиме општина која ќе биде пример за чесност, работа и одговорност. Ќе ставиме крај на расипништвото, на поделбите, на стравот. Ќе покажеме дека кога народот се обединува, нема сила што може да го победи, истакна Крстевски.

Крстевски повика на 2 ноември да се излезе масовно на гласање и да се заокружи бројот 9, за да покаже Росоман дека избира иднина, не минато, а со тоа ќе се покаже дека народот е посилен од партиските вработувања, од притисоците и од лагите.

-Во првиот круг Росоман покажа дека сака промени, а во втор круг уште помасовно да излеземе и да го заокружиме бројот 9 за општината да се развива, рече тој. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг