Општини
ВРЕДИ во Студеничани ќе го поддржи независниот кандидат Азем Садику
Коалицијата ВРЕДИ најавува дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи независниот кандидат за градоначалник на Општина Студеничани, Азем Садику, стои во соопштението на коалициата што МИА го пренесува интегрално.
Оваа одлука е донесена врз основа на волјата на граѓаните Албанци, јасно изразена на 19 октомври, кога со ЕДЕН ГЛАС рекоа „ДУИ не“ во повеќето албански општини.
Заедно со граѓаните и кандидатите кои искрено го претставуваат јавниот интерес, ќе ја унапредиме промената што започна на 19 октомври во албанските општини.
октомври 26, 2025

