Скопје
Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот
Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска одржа состанок со Штабот за заштита и спасување на кој се донесоа итни одлуки за справување со кризата со сметот во Центар, соопшти прес-службата на Општина Центар.
Герасимовски потенцира дека се прави мобилизација на сите служби и ресурси на општината и на ПОЦ.
-Од денес, сите вработени во Општината Центар и во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ добиваат конкретни задачи за решавање на оваа криза. Ги редуцираме сите други активности на минимум, ги пренасочуваме вработените да ги спроведат сите мерки за менаџирање на овој проблем. Ова е момент кога секој јавен службеник мора да покаже одговорност. Ќе бидат поставени помали контејнери за секојдневен отпад во густо населените делови и поголеми контејнери за кабаст отпад на стратешки локации. Апелирам граѓаните да не го одлагаат сметот на улиците околу контејнерите, туку во нив. Со тоа ќе овозможиме побрзо собирање и полесна контрола на ѓубрето, рече Герасимовски.
Тој, информира дека ЈП „ПОЦ“ ќе организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. Герасимовски ги повика сите ресторани, кафулиња и локали во Центар да го одлагаат отпадот на локации каде контејнерите не се преполни и да го ставаат во двојни, или тројни кеси со цел да биде подобро заштитен. За ова ќе има информација веќе утре за тоа кои се локациите, а сите угостители ќе бидат директно информирани.
Герасимовски вели дека се реализира нов начин на дистрибуција и депонирање на сметот.
-Најголемо тесно грло ни е Дрисла, возењето дотаму и назад, како и чекањето за растовар, одземаат многу време и ресурси. Затоа правиме промена: камиончињата ќе растовараме сметот на плац на општествено одговорна фирма која ни излезе во пресрет, а потоа со големи камиони ќе оди кон Дрисла. Со ова очекуваме да го забрзаме целиот процес, истакна Герасимовски.
Тој посочи дека викендов ќе се спроведе итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките. Општината врши вонредна дератизација, кадешто во сите 1980 шахти се фрла сертифициран препарат, но потребно е да се изврши и дератизација во сите згради.
-Општината ќе организира средба со сите управители на згради и куќни совети. На секое домаќинство ќе му бидат доделени големи, бесплатни кеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат. Секој влез ќе биде задолжен да направи дератизација. Испраќам отворен повик до сите компании да помогнат со механизација, камиони и логистика. Ова е момент кога треба да покажеме оппштествена одговорност и солидарност. Барам масовна акција затоа што ни се заканува сериозен здравствен ризик, ова веќе не е прашање само на хигиена, туку се во ризик нашето и здравјето на нашите деца, додаде Герасимовски.
Тој потенцираше дека ова не е време за политика, туку за одговорност и работа, и дека како градоначалник го редуцира на минимум своето непосредно учество во предизборната кампања која сега ќе ја води неговиот штаб.
Герасимовски на денешната прес-конференција информираше дека Штабот за заштита и спасување донел итни одлуки за справување со кризата со сметот, а како една од тие заклучоци е спроведување на итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките на територија на Општина Центар.
-Ќе одржам средба со директорите на сите училишта и градинки во Центар, со цел да се координираме за безбедноста на децата. Ќе побарам викендов итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките, како и мапирање на кризни точки во близина на училиштата. Мора да се спречи сметот да се трупа во близина каде престојуваат нашите деца, рече Герасимовски.
Тој потенцираше дека општината врши вонредна дератизација.
-Во сите 1980 шахти се фрла серитифициран препарат. Но потребно е да се спроведе дератизација и во сите згради. Општината ќе организира средба со сите управители на згради и куќни совети. На секое домаќинство ќе му бидат доделени големи, бесплатни кеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат. Секој влез ќе биде задолжен да направи дератизација. Испраќам отворен повик до сите компании да помогнат со механизација, камиони и логистика. Ова е момент кога треба да покажеме општествена одговорност и солидарност, истакна Герасимовски.
Тој испрати отворен повик до сите компании да помогнат со механизација, камиони и логистика, посочувајќи дека ова е момент кога треба да покажеме општествена одговорност и солидарност.
– Општинската инспекција ќе биде постојано на терен, со задача да врши контрола на несовесно фрлање на ѓубре од градилишта, дуќани и фирми. Казните ќе бидат ригорозни за секое несовесно однесување. Засилена дератизација и дезинфекција ќе спроведеме на сите јавни површини, паркови и подрумски простории, порача Герасимовски.
октомври 24, 2025

