Фудбал
Шест голови на Барселона во мрежата на грчки Олимпијакос

Убедлива победа постигна екипата на Барселона во еден од првите два натпревара од 3.коло од Лигата на шампионите. „Каталонците“ на домашен терен го надиграа грчки Олимпијакос совладувајќи го со 6:1. Најдобар поединец на дуелот беше Фермин Лопез, кој постигна хет-трик (два гола во првиот дел), додека Маркус Рашфорд беше стрелец на два гола. Стрелец за победничката екипа беше и Ламин Јамал (пенал), додека голот за Олимпијакос со удар од белата точка го постигна Ајуб Ел Кааби. Гостите од 57.минута играа со играч помалку поради втор жолт картон беше исклучен Сантијаго Хезе.
На вториот дуел од првиот термин Каират Алмати и Пафос одиграа без голови 0:0. За екипата на Каират ова беше првиот бод во Лигата на шампионите.
Во терминот од 21 часот вечерва играат: Арсенал – Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен – ПСЖ, Копенхаген – Борусија Дортмунд, Њукасл – Бенфика, ПСВ – Наполи, Ројал Унион СГ – Интер и Виљареал – Манчестер Сити.
октомври 22, 2025