Општини
Тоневски: Формирано е стабилно и одговорно мнозинство во Советот во Општина Пробиштип

Мнозинството во Советот на Општина Пробиштип е официјализирано, истакна денеска кандидатот за градоначалник за Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски.
-Со заеднички ангажман на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и од Движењето ЗНАМ, формирано е стабилно и одговорно мнозинство кое има јасна цел – да ги донесе промените што ги очекуваат граѓаните на Пробиштип. Ова мнозинство не е само бројка, тоа е заедничка волја за работа, чесност и посветеност кон развојот на општината, рече Тоневски.
Тој посочи дека подаваат рака кон сите останати советници кои искрено се залагаат за доброто на Пробиштип.
-Да изградиме Совет што ќе работи за граѓаните, а не за лични или партиски интереси. Време е за нов, одговорен Совет и нов градоначалник, тим што ќе донесе резултати, а не празни ветувања. Време е за квалитетни дебати, реални и аргументирани критики, како и за нови идеи што ќе донесат вистински развој во секој дел од нашата општина, вели Тоневски.
октомври 22, 2025